„Росонерите“ бараат санкции за навивачите на Лацио поради расистички напад кон Бакајоко

Милан синоќа успеа да обезбеди голема и значајна победа над Лацио со 2-0 во рамки на дербито на 3.коло во Серија А, но натпреварот не мина без инцидент.

Гостинските навивачи расистички го навредуваа Тимуе Бакајоко кога се подготвуваше да влезе во игра крај аут-линијата во 61.минута, па поради ова, „росонерите“ бараат санкции за навивачите на Лацио.

Тимот од Милано денеска преку официјално соопштение извести дека испратиле пријава до Јавното обвинителство на Италија, со цел да бидат санкционирани навивачите од Рим поради расистичките навреди. Ултрасите на тимот на Лацио се познати по своите расистички испади, а овој пат нивна цел беше Бакајоко.

Се вчитува...