„Росонерите“ бесни на судијата – ова е спорниот пенал што го исфрли Милан од ЛЕ (видео)

Милан се избламира во Лигата на Европа не успевајќи да ја мине групната фаза, а „росонерите“ по мечот фрлаа со дрва и камења по судијата, жалејќи се за пеналот досуден на десет минути пред крајот со кој Олимпијакос стигна до второто место во групата.

По корнер од левата страна Абате беше во дуел со Торосидис, контакт постоеше, а судијата без многу размислување покажа на белата точка.

Погледнете ја спорната ситуација и самите пресудете, дали „росонерите“ се во право што вината за својот неуспех ја бараат во судиската одлука.

Се вчитува...