„Росонерите“ го освоија Удине за трета победа во низа во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан стигнаа до третата победа во низа во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Удинезе со 0-3 во последниот натпревар од денешната понуда од 4. коло во италијанската Серија А.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Кристијан Пулишиќ во 40. минута. На стартот на вториот дел во 46. минута Фофана зголеми на 0-2, додека конечните 0-3 со својот втор гол на мечот ги постави Пулиќиш во 53. минута. „Росонерите“ со овој триумф барем вечерва ќе преноќат на третата позиција на табелата, додека Удинезе останува седмопласиран.

Udinese 0 – [2] AC Milan – Youssouf Fofana 46'
byu/Etpolo insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...