„Росонерите“ не се предаваат: Милан губеше со 3-1, но стигна до бод на гостувањето кај Сасуоло

Серијата од пет победи во низа на Милан во Серија А заврши со 32. коло откако „росонерите“ ремизираа со 3-3 на гостувањето кај Сасуило и тоа во натпревар во кој имаа негатива од 3-1.

Голеадата започна уште во четврата минута од средбата со голот на Пинамонти, а веќе во 10. минута домаќините имаа водство од 2-0 благодарение на Лауриенте. Леао со гол во 20. минута намали на 2-1, но новиот гол на Лауриенте во 53. минута одново го доведе Сасуило во предност од два гола.

Радоста на домашните навивачи траеше само шест минути бидејќи Јовиќ со гол во 59. минута намали на 3-2, а Окафор во 84. минута се погрижи за бод за својот тим.

Се вчитува...