Милан славеше триумф од 3-1 над Киево и се искачи на шестата позиција на табелата во Серија А со 50 бода, идентично како и петтопласираниот Лацио, кој има меч помалку. Карлос Бака беше човекот на одлука за „росонерите“, иако не реализира и пенал на овој дуел.
Сепак, Колумбиецот го отвори резултатот во 24.минута. Де Гузман израмни од пенал во 43.минута, а пред самиот крај на првиот дел беше досуден пенал и за Милан. Бака шутираше над голот и не успеа да реализира.
Но, тој се запиша во листата на стрелците повторно во 70.минута, и пак му донесе предност на Милан. Лападула во 82.минута погоди од белата точка за „росонерите“, за конечен триумф од 3-1.
All Goals & Highlights HD – AC Milan 3-1 Chievo… by Video-Sport
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА