Светскиот шампион во Формула 1, Нико Розберг, кој по освојувањето на титулата објави дека ја завршува кариерата, изјави дека како фан сакал во Мерцедес на негово место да го земат Фернандо Алонсо. Но, во германскиот тим изборот падна на Валтери Ботас, што според него сепак е поразумно решение за тимот.
„Сега сум навувач и од оваа страна на екранот, полесно ми е да одговорам на прашањето кој треба да е новиот возач на Мерцедес. Сите велеа Алонсо, и јас исто така бидејќи тоа ќе беше „огномет“ со Хамилтон. Да, од гледна точка на навивачите тоа би било убаво, но не и за тимот. Мерцедес најде одлично решение. Ботас е брз и иако Хамилтон е на многу, многу високо ниво и тешко е да се победи, сепак, јас докажав дека е возможно“ – изјави Нико Розберг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА