Розберг: Хамилтон е најдобар возач во историјата на Формула 1

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Нико Розберг очекува интересна ситуација во Ферари во новата сезона.

Клупски колеги ќе бидат Луис Хамилтон кој е едумкратен светски шампион и Шарл Леклер.

„Шарл ќе биде на исто ниво како Џорџ Расел минатата година. Тие се секако најдобрите млади возачи. Се разбира, не го сметам Макс Ферстапен, кој е класа за себе. Луис многу се мачеше во својата последна сезона во Мерцедес и ако тоа се повтори, Шарл ќе биде пред Хамилтон. Луис е најдобриот досега. Има некои сомнежи како ќе се снајде со новиот болид, но мислам дека ќе биде на врвно ниво и во Ферари“, изјави Розберг.

Се вчитува...