Поранешниот светски шампион, Нико Розберг, ги предупреди конкурентите на Мерцедес да не се радуваат однапред, затоа што „налутен Хамилтон“ брзо се враќа „ужасно силен“. Розберг кој ја освои титулата во Формула 1 во 2016 година, пред изненадно да се пензионира, тоа го знае најдобро бидејќи беше негов совозач во Мерцедес.
„Кога не му оди, тој почнува да ја губи самодовербата и мотивацијата и некое време лута. Точно на тие трки неговите ривали треба да извлечат максимум, затоа што тој веднаш се враќа ужасно силен и после е несовладлив. Да видиме кога ќе се случи тоа“ – предупреди Нико Розберг.
Актуелниот шамион во Ф1 лошо ја почна сезоната и не успеа да запише ниедна победа на првите три трки. Ситуацијата беше најлоша на последната трка за ГН на Кина, каде на крај заврши на четвртото место, но можеше да биде уште полошо ако Макс Ферстапен не му го расипеше пласманот на водечкиот Себастиан Фетел.
Следната трка од Ф1 шампионатот ќе се вози на 29 април во Азербејџан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА