Поранешниот возач на Мерцедес и се уште актуелен шампион во Формула 1, Нико Розбер, смета дека може повторно да бидат пријатели со Луис Хамилтон. Германецот минатата сезона ја освои шампионската титула, а веднаш потоа објави и крај на кариерата. Во периодот додека возеа заедно во Мерцедес, Розберг и Хамилтон често пати беа во судир, иако во детството тие двајца беа блиски другари.
„Поминаа пет месеци, не гледам причина зошто не би биле пријатели со Луис“ – вели Нико Розберг кој иако повеќе не вози, и понатаму остана дел од тимот.
Германецот од друга перспектива се навраќа на специфичните односи во Формула 1 и вели дека никому не му замерува.
„Успехот го градев на напорна и вредна работа, со целосна посветеност и максимален компромис. Тоа беше единствен начин за да успеам. Во Ф1 неколку возачи кои се поталентирани од мене. Хамилтон е еден од најдобрите на сите времиња и неверојатен противник“ – истакнува Розберг.
По четири трки во новата сезона во Ф1, Хамилтон е на второто место на табелата со 73 бода, 13 помалку од Себастијан Фетел на лидерската позиција. Следната на календарот на Ф1 е трката за ГН на Шпанија што ќе се води викендов на патеката Каталуња во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА