Шведскиот првак Малме ќе биде многу посилен на реваншот против Вардар во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, што ќе се одигра во вторник, со почеток во 18 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица. Во составот на Швеѓаните се враќа капитенот и најдобар играч Маркус Розенберг. Напаѓачот поради повреда на мускулот го пропушти првиот меч на „Сведбанк арена“, но се опорави за дуелот што ќе се игра за два дена.
„Ќе играм против Вардар во реваншот. Се чувствувам добро, немам веќе болки, го издржав и комплетниот тренинг. Би можел и 90 минути, но тоа сепак го оставам на тренерот и на лекарскиот тим. Верувам дека ќе успееме да се пласираме понатаму, иако немаме предност од првиот натпревар“, изјави Маркус Розенберг за шведските медиуми.
Судиите за мечот Вардар – Малме доаѓаат од Украина. Главен делител на прадата ќе биде Анатолиј Жабченко, а ќе му помагаат Олександр Војтук и Серхиј Бекер. Четврти судија ќе биде Олександар Дердо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА