Розенборг е на чекор до плејоф-фазата од квалификациите за влез во Лигата на Европа, каде норвешкиот првак најверојатно ќе се сретне со Шкендија.
Норвежаните славеа со 0-2 на гостувањето против Корк сити, па на реваншот во Трондхајм би требало рутински да обебедат пласман во следната рунда, каде ги очекува поразениот од двомечот меѓу Салцбург и Шкендија.
Денешниот дуел во Ирска беше решен уште во првото полувреме, откако Леви два пати биеше прецизно, во 22. и во 44. минута, носејќи удобна предност за Розенборг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА