Розениор: Се гледа подобрување во играта на Челси

Тренрот на Челси, Лиам Розениор ја коментирше играта на својот тим во поразот од Арсенал на реваншот во Карабао Купот од 1-0, со што „сините“ ги завршија настапите во ова натпреварувњае.

Розениор истакна задоволство и покрај елиминацијата, и кажа дека има подобрување во играта откако е дојден во екипата.

„Во второто полувреме доминиравме во областите што ги сакавме, но не можевме да создадеме квалитетни шанси. На крајот ги испративме и бековите во нападот, па се случи тој противнапад кој ни донесе пораз. Знаевме дека Арсенал е квалитетен тим, но мислам дека бевме подобри за разлика од првиот меч. Поразот боли, но мислам дека ова е патот по кој треба да продолжиме. На првиот меч имавме неколку играчи со вирус, а јас бев во тимот само три дена. Но, не можам да не забележам дека кај играчите има интензитет и подготвеност за борба“, рече Розениор.

Се вчитува...