Рубен Аморим не може веднаш да седне на „жешкото столче“ на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед е подготвен за промена на тренерската позиција која ќе ја превземе португалскиот стратег Рубен Аморим.

Доскорешниот стратег на Спортинг денеска пристигнува во Манчестер, но нема да биде во можност да го одработи првиот тренинг со тимот со оглед на тоа што се уште нема работна дозвола, откриваат англиските медиуми.

Добра вест за Манчестер Јунајтед е тоа што следниот натпревар против Ипсвич е за две недели па и покрај тоа што Аморим нема веднаш да започне со работа ќе има доволно време да го запознае, а потоа и да го подготви својот нов тим за предизвиците кои следат.

Се вчитува...