Португалскиот репрезентативец Рубен Невеш за рекордни 55 милиони евра од Вулверхемптон се сели во редовите на Ал Хилал во Саудиска Арбија.
Тоа е рекорден трансфер за „волците“ кои се задоволни, секако, од добиената сума.
„Имав неверојатно патување тука. Работев со многу добри луѓе, започнувајќи од луѓето во кујната, па се до претставниците во стручниот штаб. Минав многу незаборавни моменти тука. На сите соиграчи кои беа дел од мојот пат во изминативе шест години, сакам да им порачам дека тие ми се пријатели за цел живот. Нема зборови со кои може да се опише соблекувалната, немам видено ваков тимски дух претходно. Тоа што бев капитен последната година ме направи навистина горд“ – со солзи во очите се збогуваше Невеш од својот досегашен клуб…
A message from @rubendsneves_… pic.twitter.com/tWAcfnkp5q
— Wolves (@Wolves) June 23, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

