Швајцарскиот интернационалец Рубен Варгас е нов фудбалер на шпанскиот прволигаш Севилјa, oткако денеска и официјално го комплетираше трансферот на „Санчез Пизхуан“.
Варгас потпиша договор со клубот од Андалузија до 2029 година. Швајцарскиот играч за врска во претходните пет и пол сезони беше член на Аугсбург, за кој одигра вкупно 161 натпревар, постигна 23 гола и забележа 19 асистенции.
За швајцарската репрезентација на 50 натпревари постигна осум гола и осум асистенции.
👕 ¡Nuestro nuevo 5️⃣! 🔥 pic.twitter.com/BxJIWtSRgJ
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) January 10, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА