Рубијалес уапсен на аеродромот во Мадрид под обвинение за перење пари

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес денеска беше уапсен на аеродромот во Мадрид, па ослободен да се брани од слобода по обвиненијата за перење пари, а околу договорот на Фудбалската федерација на Шпанија, Суперкупот на оваа земја да се игра во Саудиска Арабија.

Рубијалес во моментот на почеток на акцијата на полицијата, тврдеше дека е на деловно патување во Доминиканската република па по денешното враќање беше уапсен на аеродромот во Мадрид. По сослушувањето во полиција е пуштен на слобода, но задржани се сите негови електронски уреди вклучувајќи и два телефони.

Наредниве денови треба да даде и официјална изјава во суд пред евентуално подигнување обвинение.

Полицијата и обвинителството го истражуваат Рубијалес поради корупциски случаи поврзани со Фудбалската федерација на Шпанија. На 20. март во акција на шпанската полиција беа уапсени седум луѓе обвинети за перење пари токму за случајот за кој е под истрага и Рубијалес. Во таа акција беше извршен и претрес на куќата на Рубијалес во Гранада.

Се вчитува...