Само два дена пред продолжувањето на првенството во кошаркарската Суперлига, тимот на Ангели доби засилување кое може да биде пресудно во битката за останување во елитата.
Нов член на екипата стана Рубин Стефанов. 20-годишниот Стефанов (роден на 3 мај 2005 година, висок 191 см, игра на позициите бек/крило) доаѓа во Ангели по двогодишен престој во Италија. Таму тој настапуваше за Унибаскет Ланчано, каде во сезоната во U19 лигата беше еден од најдобрите стрелци и остави силен впечаток.
Пред да се одлучи да се врати во татковината и да го помине вториот дел од тековната сезона во домашното првенство, Стефанов имаше и краток период во младинските категории на турскиот гигант Анадолу Ефес, како и тренинзи во неколку италијански клубови.
Стефанов својата кошаркарска кариера ја започна во младинската школа на МЗТ Скопје, со кој беше шампион на Македонија во младинската конкуренција, пред да замине во странство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

