Рубио во свој стил демантираше дека се враќа во Хувентут

Рики Рубио не постигна договор со челниците на Хувентуд и покрај првичните информации од Шпанија.

Рубио ги бранеше боите на Хувентуд од 2005 до 2009 година. Тој се пресели во Барселона, а потоа во НБА. Ги бранеше боите на Минесота, Јута, Феникс, Кливленд, а минатата сезона повторно се врати во Барселона.

Челниците на Барселона и Рики Рубио зборуваа за продолжување на соработката, а потоа дел од шпанските медиуми преносеа дека Рубио се враќа во Бадалона. Сепак, плејмејкерот набрзо проговори:

„Навистина ми го напраивте денот. Се надевам дека следниот пат ќе имате вистински информации“, изјави Рубио. 

Се вчитува...