Тенискиот свет го очекува враќањето на Рафаел Надал на терените, во првото коло на АТП турнирот во Барселона.
Дел од подготовките за настап во Барселона, Надал ги минува и со рускиот тенисер Андреј Рубљев, кој во изјава за медиумите открива дека бил едноставно „разбиен“ од ветеранот на тренинг-мечевите.
„Убаво е да се тренира со Рафа, иако е навистина неверојатен и не ви дозволува да дишете. Не знам точно, но на нашите тест мечеви, или тој ме ‘разби’ или јас сам се ‘убив’. Тешко е да се прифати дека ова беше можеби еден од последните наши тренинзи заедно или пак еден од последните турнири. Многу пати докажа дека знае да се врати од невозможни ситуации, па затоа е тешко да се замисли ова сценарио“ – вели Рубљев, кој потврди дека загубил со 6-1 од Надал во меѓусебниот тест-сет.
Рафаел Надал на стартот на турнирот во Барселона ќе игра против Флавио Коболи од Италија кој во моментов е на 62. место на АТП рангирањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

