Рубљов: Британците нема да не сакаат нас Русите на Вимблдон и во 2023 година

Забраната за учество на руските и белоруските тенисери на овогодинешниот Вимблдон е веројатно една од најлошите спортски одлуки во 2022 година.

На крајот сите настрадаа поради неа, АТП и ВТА одзедоа бодови, па сите тенисери беа казнети, а циркусот да биде уште поголем – трофејот го освои московјанката со казахстански пасош Јелена Рибакина.

Андреј Рубљов стравува дека следната година би можело да се повтори ова сценарио и дека Британците повторно ќе забранат учество на Русите и Белорусите доколку војната во Украина продолжи.

„Неодамна имавме состанок со помош на АТП. Бевме многу отворени, нудевме многу опции, многу начини да помогнеме. Сакаме да се вратиме и да играме. Но, тие не се заинтересирани.  Британската влада со оваа одлука покажа дека политиката и е поважна од мирот. Тие едноставно не сакаат да помогнат. За нив сето тоа е само политика“, изјави Рубљов. 

Се вчитува...