Рубљов обезбеди четвртфинале на УС Опен

Рускиот тенисер Андреј Рубљов се пласираше во четвртфиналето на УС Опен откако забележа победа од 3-1 против британскиот тенисер Џек Дрејпер.

Русинот беше подобар во првиот сет кој го доби со 6-3, а отако Британецот возврати со идентичен резултат во вториот сет, Рубљов славеше во следните два со 6-3 и 6-4 за место меѓу најдобрите осум тенисери.

УС Опен може да го одбележи и руско четвртфиналео со оглед на тоа што следниот противник на Рубљов ќе биде подобриот од мечот помеѓу Медведев и Де Минуар.

Се вчитува...