Норвешкиот тенисер Каспер Руд се пласираше во полуфиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Мадрид.
Норвежанецот во четвртфиналето беше подобар од рускиот тенисер Данил Медведев со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 7-5.
Во полуфиналето за противник Руд ќе го има подобриот од деулот меѓу Чехот, Јакуб Меншик и Аргентинецот Франциско Серундоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

