Руд му се реваншираше на Циципас за титула во Барселона, Рибакина славеше во Штутгарт

Норвешкиот тенисер Каспер Руд триумфираше на турнирот од серијата 500 кој се играше во Барселона на земјена подлога.

Руд во финалето го победи Стефанос Циципас со 2-0, по сетови 7-5 и 6-3, и со тоа му се одмазди за поразот пред една недела во финалето во Монте Карло.

Шампионката на Вимблдон од2022 година, Елена Рибакина стигна до титулата во Штутгарт каде славеше против Украинката Марта Костјук, со максимални 2-0 (6-2 и 6-2).

Германскиот тенисер Јан-Ленард Штруф ја освои својата прва АТП титула во кариерата, откако во Минхен славеше над Тејлор Фриц со 2-0 (7-5 и 6-3).

Се вчитува...