Руд: Понекогаш мислите дека Новак не е човек, но…

Норвешкиот тенисер Каспер Руд се пласираше во големото финале на мастерсот во Монте Карло откако го совлада првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ со 2-1 (6-4, 1-6, 6-4).

По мечот далеку помладиот тенисер не го криеше задоволството од победата, а имаше и интересна изјава за Србинот.

„Новак не секогаш изгледа како нормален човек, но е. Тоа што многу ме мотивираше е неговиот пораз од Лук Нарди на Индијан Велс. Тогаш покажа дека и тој може да биде ранет. Не се случува тоа често, но понекогаш е и тогаш е шансата да се порази.

На моја среќа успеав да се сетам на тоа во финишот на мечот и да го искористам. Имав поголема доверба во себе, верував дека можам да победам. Едноставно, тој оваа година немаше голем успех како секогаш, а тенисот така функционира. Кога гледате дека сезоната ја започнува беспрекорно, помислувате дека овој човек не може да се победи. Но, кога ќе видите дека некој друг веќе го победил почнувате да верувате повеќе во себе“, изјави Руд.

Се вчитува...