Руд ван Нистелрој иако имаше голема желба, сепак на крајот го напушти Манчестер јунајтед. Холанѓанецот се врати на „Олд трафорд“ летово кога стана дел од тренерскиот тим на Ерик тен Хаг, а по неговиот отказ го водеше клубот на четири меча на кои забележа три победи и едно реми.
Откако Рубен Аморим денеска пристигна во „Карингтон“ стигна веста дека Нистелрој и останатиот тренерски тим ќе го напуштат клубот.
„Манчестер Јунајтед може да потврди дека Руд ван Нистелрој го напушти клубот. Руд повторно се приклучи летово и го презеде тимот во последните четири натпревари како привремен тренер. Руд е, и секогаш ќе биде легенда на Манчестер јунајтед. Благодарни сме за неговиот придонес и за начинот на кој тој и пристапуваше на својата улога во текот на неговиот престој во клубот. Тој секогаш ќе биде добредојден на „Олд трафорд“, стои во соопштението на „црвените-ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА