Германската фудбалска федерација соопшти дека Руди Фелер го продолжил договорот со асоцијацијата и ќе остане како спортски директор на репрезентацијата до крајот на Светското првенство во 2026 година.
Фелер беше назначен за спортски директор на националниот тим во февруари 2023 година, наследувајќи го Оливер Бироф ф кој поднесе оставка по раната елиминација на Германија на Светското првенство во Катар.
Фелер изјави дека оваа позиција ја зазел поради „чувство на обврска“, но дека потоа почнал да ужива во новата улога.
„Заедно сакаме да направиме прекрасно Европско првенство во Германија и потоа да го задржиме тој моментум за понатамошни предизвици“, изјави Фелер.
Руди Фелер го освои Светското првенство со Западна Германија во 1990 година како играч, а потоа ја предводеше Германија до финалето на Светското првенство во 2002 година како селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА