Руди Фернандез испиша историја на ЛОИ во Париз

Шпанецот Руди Фернандес стана првиот кошаркар кој шест пати играл на Олимписките игри.

Фернандес  влезе во игра на половина од првата четвртина за време на натпреварот против Австралија кој на крајот Шпанците го загубија. Тој освои два сребрени медали, во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година и бронза во Рио де Жанеиро во 2016 година.

На Олимписките игри по пет пати учествуваа Шпанецот Хуан Карлос Наваро, Теофило Круз од Порторико, Австралиецот Ендру Гејз, Бразилецот Оскар Шмит и Аргентинецот Луис Скола.

Се вчитува...