Реал Мадрид и Партизан утре во Мадрид го играат одлучувачкиот натпревар за пласман на Фајнлфор во Евролигата.
„Кралевите“ успеаја да се извлечат во Белград и сега на домашен терен ќе бркаат Ф4.
„Се враќаме дома, па сега со помош на шестиот играч од трибините одиме на победата. Секако, не сме ние фаворити во оваа пресметка, се виде тоа досега. И тоа би било грешка ако се однесуваме како фаворити. Важно е да одиграме цврсто и со чувство. Мислам дека ова е финалето на Евролигата. За нас ова ќе биде клучниот меч во сезоната“ – вели Руди Фернандез.
Во претходните четири натпревари двата тима славеа само на гостински терен, имаше физички пресметки, суспензии, повреди, тензии…, што ветува интересен петти дуел.
„Мислам дека конечно сфативме со која динамика мора да играме против Партизан. Клучно е да ја менуваме одбраната, дури и кога имаат играч како што е Пантер. Мора да бидеме добри на секој дел од теренот и да ги натераме да даваат максимум во нападот, како во Белград“ – дополнува Руди Фернандез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА