Руди Гарсија е циркузант – Елмас не смее да биде повеќе ничија резерва!

Жесток е револтот меѓу навивачите на Наполи кон тренерот Руди Гарсија по синоќешниот пораз од 1-3 од Фиорентина во Серија А.

И тоа како силно е незадоволството меѓу фановите на наполитанците од начинот на кој Гарсија го води сезонава тимот, кој не е ниту налик минатогодишниот, а една од точките околу кои се „кршат копјата“ е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој е апсолутно неискористен од тимот оваа сезона.

И поголемиот дел од стручната италијанска јавност смета дека Елмас е направедно заборавен на клупата на Наполи, посебно кога е јасно дека поголемиот дел од првотимците се далеку од посакуваната форма.

„Замислете, во игра против Фиорентина влегува Гаетано а на клупа го имате еден Елмас кој толку многу дал за овој тим. Руди Гарсија е класичен циркузант… Елиф и со право е можеби револтиран од односот кон него, иако тој секогаш го дава максимумот на терен“ – се дел од коментарите на навивачите на Наполи по синоќешниот пораз од Фиорентина.

Според фудбалските аналитичари Елмас е веќе изграден како фудбалер и дефинитивно не смее да биде повеќе ничија резерва.

„Кварацхелија е далеку под формата од лани, а Елмас е на еднакво фудбалско ниво со него, само што не добива еднаква шанса да го покаже тоа. Затоа зачудувачки е односот на Гарсија кон Елмас кој е повеќе од потребен за тимот“ – сметаат дел од аналитичарите во Серија А.

Македонскиот „дијамант“ сега се приклучува на репрезентацијата на собирот за квалификацискиот натпреварот против Украина. Дуелот во Прага против Украинците на 14. октомври е, пак, нова можност Елмас да ги потврди своите квалитети, само како начин за демонстрација и кон Наполи и Руди Гарсија за неправедниот третман кој го има во клубот.

Се вчитува...