Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Руди Гарсија го објави списокот на фудбалери за октомврискиот циклус во квалификациите за Светското првенство 2026 во кој „црвените-ѓаволи“ ќе се сретнат и со Македонија.
Повратникот во репрезентацијата на Белгија е Аксел Витсел на кого подолг период не беше сметано. Поради повреда од претходно е познато дека на мечот на 10. октомври против Македонија нема да настапи Ромелу Лукаку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

