Руди Гобер му удри бокс на соиграч на тајм-аут (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Минесота и Њу Орлеанс кој беше од големо значење за конечниот пласман во плеј-инот во Западната конференција донесе и несекојдневна ситуација на клупата на домашниот тим каде Руди Гобер го нападна својот соиграч Кајл Андерсон.

Французинот расправијата на тајм-аутот во која може да се види и дека го повикува на тепачка ја заврши со бокс во градите на Андерсон кој потоа бурно реагираше. Брзата интервенција на тимот за среќа спречи поголем инцидент, а Гобер беше избркан не само од теренот, туку и од арената.

 

Натпреварот заврши со победа од 113-108 за Минесота, победа со која заврши на осмото место на табелата.

Се вчитува...