Руди со скршен нос, неизвесен за дуелот со Јужна Кореја

Германија со голот на Тони Крос во последната минута од судиското продолжение обезбеди триумф (2-1) против Шведска, но ќе треба да ја победи и Јужна Кореја за да се протне во втората фаза од Мундијалот. Светскиот првак ќе биде без помошта на Џером Боатенг на тој натпревар, поради суспензија, а крајно неизвесен е и настапот на Себастијан Руди, кој заработи скршеница на носот.

„Себастијан Руди го скрши носот. Крварењето не можеше да биде сопрено веднаш, и морав да го повлечам од игра. Не знам дали ќе може да игра в среда, тоа ќе го проценат докторите“, изјави селекторот на Германија, Јоаким Лев.

На Германците им е потребен триумф од два гола разлика против Јужна Кореја за да бидат сигурни патници во осминафиналето, без разлика на исходот од мечот Мексико – Шведска.

Се вчитува...