Рудигер го „откачи“ Ал Хилал иако му понудија речиси 3,5 пати повисока плата

Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер ја одби понудата да се пресели во саудиски Ал-Хилал, и покрај тоа што имал 3,5 пати повисока понуда од она што моментално го заработува во Реал Мадрид.

Саудијците му понудиле договор на 2+1 година, но за време на состанокот Германецот ставил јасно до знаење дека останува во Мадрид,  и има намера до крај да си го одработи договоот.

Договорот на Рудигер со Реал е до 2026 година. Претходно настапуваше во Челси, Рома и Штутгарт.

Се вчитува...