Рудигер го откри клучниот збор кој промени се на „Енфилд“

Реал Мадрид речиси е во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, откако синоќа го совлада Ливерпул на „Енфилд“ со убедливи 2-5. „Кралевите“ беа пред портите на „пеколот“ во 14. минута откако имаа негатива од 2-0. Никој не очекуваше дека Реал толку лесно ќе стигне до добар резултат, но на крајот избраниците на Карло Анчелоти ја казнија секоја грешка на Ливерпул, за на крај убедлива победа.

По натпреварот пристигнаа првите реакции од победничкиот табор. Расположен за изјава беше дефанзивецот Антонио Рудигер, кој ја водеше одбраната на Реал, која не го започна баш најдобро натпреварот со два примени гола.

Рудигер откри дека еден збор бил клучен по раното водство на Ливерпул.

„Во текот на натпреварот видов дека се уште имаме верба и по два гола, но да се вратиш вака е толку лудо. Знаев дека ни треба нешто, а тоа е секаков вид на гол. Им реков на играчите „гол“, тоа ни треба. Вини го постигна првиот гол, после тоа се вративме во игра. Никогаш не сум доживеал ноќ како оваа вечер“, изјави Рудигер.

Се вчитува...