Рудигер се огласи по најголемиот срам во кариерата: „Дефинитивно не знам…“ (ФОТО)

Антонио Рудигер доби директен црвен картон на синоќешното финале од Купот на Шпанија меѓу Барселона и Реал Мадрид, откако целосно го изгуби трпението во 120. минута и од клупата незадоволен од една судиска одлука дури и фрли ледена топка кон судијата на натпреварот.

Германскиот играч заслужено беше исклучен, а играчите едвај успеаја да го смират. Сигурно е дека ќе се соочи со строга казна која ќе биде објавена во наредните денови. Шпанските медиуми пишуваат дека сезоната на Рудигер би можела да заврши бидејќи, според сите индикации, тој ќе добие суспензија меѓу четири и 12 натпревари, а извештајот на главниот судија, кој не го поштеди играчот на Реал, исто така не му помага.

После сето тоа и самиот Рудигер се огласи на социјалните мрежи утрово и се извини за однесувањето од синоќа.

„Дефинитивно нема оправдување за моето однесување синоќа. Многу ми е жал за тоа. Одигравме многу добар натпревар во второто полувреме и по 111 минути повеќе не бев во можност да му помогнам на мојот тим на теренот“ – пишува Рудигер и додава:

„Пред крајот на натпреварот направив голема грешка. Уште еднаш нагласувам дека му се извинувам на судијата и на сите што ги разочарав синоќа“.

Се вчитува...