Рудигер: Се уште чекам извинување од Анчелоти

Реал Мадрид и Манчестер Сити во вторник од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе си ги одмерат силите во четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Ова е трета сезона во низа во која шпанскиот и англискиот гигант се среќаваат во нокаут-фазата, а успехот е половичен.

Во сезоната 2021/22 Реал Мадрид го елиминираше Манчестер Сити во полуфиналето со вкупен резултат 6-5, а претходната сезона во истиот дел од сезоната Шпанците беа оние кои претрпеа дебакл губејќи ја средбата во Манчестер со 4-0 за вкупни 5-1 во двомечот.

Во пресрет средбата за медиумите говореше Антонио Рудигер кој ланската сезона настапи на првиот меч одигран во Мадрид (1-1), но се најде на клупата за резерви во вториот натпревар па неговиот тим доживеа убедлив пораз.

„Претходната сезона одигравме добар натпревар на „Бернабеу“. Добро го чувавме Ерлинг Халанд кој не доби многу топки. Во вториот натпревар не играв од почетокот. Тренерот се уште ми се нема извинето за тоа, но и не мора. Имаше тој свој план, а јас како играч морав да го прифатам“, изјави Рудигер.

Се вчитува...