Антонио Ридигер ќе биде еден од играчите кои ќе бираат клуб како слободен агент следното лето.
Иако се шпекулира дека Реал Мадрид сè уште не ја затворил вратата за преговори со него, мали се шансите Ридигер да добие нов договор. Германецот пристигна како слободен агент во летото 2022 година кога му истече договорот со Челзи, а ќе може повторно да го избере својот клуб во јуни.
Сигурни извори откриваат дека Ридигер има профитабилни понуди од Саудиска Арабија, но и понуди од Премиерлигата. Иако не е познато за кои клубови станува збор, се шпекулира дека дури и Челси е заинтересиран да го врати, како искусен играч како поранешниот Тијаго Силва, кој дојде како ветеран.
Ридигер моментално е фокусиран на своето враќање, за кое се очекува повторно да игра во декември, откако имаше операција на грбот на крајот од минатата сезона. По пауза од неколку месеци, ќе му треба време да се врати, но целта е целосно да се опорави и да му се наметне на Јулијан Нагелсман за Светското првенство во 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

