Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер вели дека противниците на неговиот клуб се плашат да играат, особено кога гостуваат на „Сантијаго Бернабе“.
Ридигер ова го изјави пред натпреварот со неговиот поранешен клуб Челси, од каде пристигна во 2022 година, и ја игра својата прва сезона во дресот на „кралевите“. Тој ја почувствува атмосферата минатата година кога со Челси гостуваше во Мадрид и испадна од ЛШ.
„Атмосферата во Лигата на шампионите на Сантијаго Бернабе е поинаква. Но, изненадувачки е тоа што за играчите на Реал Мадрид тоа е нормално, како секој ден да работиш во канцеларија. Исто така нашите навивачи се феноменални и надвор од нашиот стадион. Кога играв лани со Челси тука, стадионот ми делуваше застрашувачки. Може да се види стравот кај секој противник кога гостува на „Бернабе“, истакна Рудигер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

