Aгрон Руфати и Марко Врдољак се првите две засилувања за македонскиот фудбалски прволигаш, Академија Пандев во зимскиот преоден рок.
Агрон Руфати има 23 години и е поранешен младински репрезентативец на Македонија и игра на позицијата централен дефанзивец. Доаѓа како слободен играч, а последен клуб за кој настапувал е Академија Клинчени (Романија). Во својата кариера има настапувано и за екипите на Зорја (Украина) и Истра (Хрватска).
Марио Врдољак е искусен 29-годишен играч за врска. Хрватскиот интернационалец доаѓа како слободен играч, а последно има настапувано заедно со Руфати во Академија Клинчени. Во својата интернационална кариера настапувал за повеќе клубови меѓу кои италијанските клубови Гросето, Бисчеглие, Пичерно, босански Олимпик Сараево…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА