Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да ја засили одбраната со дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани. Тој би дошол на едногодишна позајмица на „Емирати“, со оглед дека конкуренцијата во одбранбениот ред на „старата дама“ е жестока, посебно по доаѓањето и на Матијс де Лихт.
Арсенал има проблем откако капитенот Лоран Кошиелни побара да си замине и не беше на претсезонските тестови со тимот. Менаџерот Унаи Емери бара алтернатива, а Даниеле Ругани би бил одлично решение.
Во нападот „топчиите“ се обидуваат да се засилат со Николас Пепе, крилниот играч на Лил за кој се подготвени да платат дури 80 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА