По пет натпревари Јувентус конечно успеа да стигне до победа во домашниот шампионат откако славеше со минимални 3-2 на домашен терен против Фрозиноне во меч од 26. коло од Серија А.
Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Душан Влаховиќ уште во 3. минута. Следеше блиц-криг на гостите кои со погодоците на Чедира и Брешанини во 14. односно 27. минута успеаја да направат целосен пресврт (1-2). И кога се чинеше дека Јувентус и петти меч во низа ќе остане без полн плен, Ругани донесе голема победа во 96. минута.
Во моментов Интер има осум бода повеќе од второпласираниот Јувентус, но и два натпревари помалку.
Juventus [3] – 2 Frosinone – Daniele Rugani 90+6′
byu/etclassico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА