Руи Коста – нов претседател на Бенфика

Легендата на португалскиот фудбал, Руи Коста, е новиот претседател на Бенфика кој ќе се обиде да ја стабилизира состојбата по големиот скандал во кој уапсен беше досегашниот предводник на овој гигант, Луис Фелипе Виеира.

Токму Виеира е посочен како главен осомничен во скандалот за даночна измама и перење на пари, во кој покрај претседателот на Бенфика беа уапсени уште две лица. Руи Коста досега ја извршуваше функцијата потпретседател, но беше именуван во претседател со едногласна одлука на Управниот Одбор на Бенфика.

„Ова е тешки времиња, но јас сакам Бенфика да биде моќна. Клубот ќе го водам со еднаква гордост и страст како првиот пат кога го облеков светиот дрес на овој клуб. Свесен сум за одговорноста што ја преземам, знам што се очекува од мене. Приоритет во моментов ни се подготовките за новата сезона, во која влегуваме со големи амбиции. Сакам силна, обединета Бенфика и секојдневно ќе работам тоа да се оствари“, изјави Руи Коста.

Се вчитува...