Тренерот на Лудогорец, Руи Мота ги истакна импресиите после мечот и поразот од Шкендија. Тој рече дека неговиот тим направил многу грешки, особено после водството кога требало да игра многу полесно и порастеретено.
Мота не беше задоволен од играта на својот тим, и дека Шкендија од противнапади стигна до двата гола и до победата на овој меч.
„Стартувавме одлично, одигравме онака како што се договоривме на почетокот на мечот, го користевме просторот, и потоа кога поведовме, застанавме. Започнавме да ја губиме топката многу лесно, и противниците го добија она што го посакуваа од нас на овој меч. Како благодарение на брзите крила и нивните противнапади, примивме два гола. На тој терен на кој игравме, не требаше да направиме толку грешки“, вели Мота.
Мота истакна дека неговиот тим на крајот од мечот не ги искористил шансите за да го избегне поразот.
„Момците се обидоа да се вратат, да се вратиме резултатски, но не ги искористија шансите. Не би сакал сега да истакнувам поединци, затоа што кога губиме, губиме заедно“, додаде Мота.
Инаку тренерот на Лудогорец пред мечот истакнуваше дека нема да се задоволи ниту со нерешено од Скопје, туку само со победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

