Руи Патрисио, прво засилување на Анчелоти во Наполи

Португалскиот репрезентативец Руи Патрисио е првото засилување на Наполи во ерата на Карло Анчелоти, откако „наполитанците“ ги договорија деталите од трансферот на искусниот голман. Раководството на Наполи беше во потрага по наследник на Пепе Реина кој се сели во Милан, а од неколкуте опции го избра токму Руи Патрисио.

Португалските медиуми ја потврдија оваа информација, па весникот „А Бола“ на насловната страница го имаше Патрисио со наслов „Довидување, капитену!“

Сите детали се веќе договорени, Спортинг ќе заработува 12 милиони евра од трансферот, додека португалскиот репрезентативен голман ќе потпише петгодишен договор за плата од два милиони евра по сезона.

Се вчитува...