Србинот Рукавина откри како го убедил полскиот судија да не досуди пенал

Португалија и Србија одиграа без победник 1-1 во рамките на 2. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година, а недосудениот пенал за Португалија во второто полувреме ја разбранува фудбалска Европа. Андре Силва со глава ја упати топката кон петерецот на Србија, а Антонио Рукавина играше со рака. Полскиот судија Марчина, прво досуди пенал за Португалија, а потоа во консултација со помошникот ја поништи својата одлука.

Главниот актер во ситуацијата Рукавина по натпреварот призна дека играл со рака, но тврди дека топката прво го погодила во лицето и затоа полскиот судија постапил исправно.

„Најпрво топката ме погоди во лице, односно во нос, а потоа во рака. Дали тоа по правилата е пенал? Мислам дека не е. Во истиот момент ми се зацрвене носот, а на сигнализација на помошникот, судијата го виде тоа. Имавме среќа“, изјави Рукавина.

На табелата во групата Б Португалија е четврта со два бода по два одиграни меча, а Србија е четврта со еден бод, но натпревар помалку од селекцијата на Португалија.

Се вчитува...