Поранешниот директор на Баерн Минхен и легендата на Германија, Карл Хајнц Румениге, во интервју за „Газета“, зборуваше за Супер-лигата, за чие постоење ќе пресуди судот на Европската унија утре.
Тој кажа дека Супер-лигата еднаш веќе загуби, и дека сите мора да го прифатат тоа. Кажа дека би било погубно доколку Германци учествуваат во неа. Исто така зборуваше дека идниот формат на ЛШ со 36 тима, ќе донесе подобри и поспектакуларни натпревари.
„Супер-лигата загуби и сите мораат да го признаат тоа. Се сеќавам на вечерта кога беше објавен проектот. Имаше 12 клуба и неуспешно се обидоа и нас да не вовлечат. По два дена се распадна. Бев на стадион, а Чеферин само ми праќаше пораки: Челси се откажа, Ливерпул, Сити… готово е. Се обидоа да го вовлечат и Баерн Минхен, но не преку мене. Го бараа Оливер Кан, но јас и претседателот тогаш рековме дека не треба да земеме учество во таква лига“, изјави Хенес.
Румениге кажа дека Супер-лигата била формирана поради тоа што некому му требале брзи пари.
„Некому му требаа свежи и брзи пари, но тоа не беше професионално. Не го разбирам тоа. Јувентус го изгуби имиџот. На Андреа Ањели му кажав дека фудбалот не е само економија, тој не мислеше така. Да постоеше Супер-лигата, сега Серија А ќе беше Серија Б, Бундеслигата – втора Бундеслига. Сиромашни домашни првенства. Се работи за тоа да и се наштети на Премиерлигата. Најмногу од се Шпанците сакаа да излезат со ова и да донесат штета. УЕФА го нуди најдобриот турнир, новата ЛШ со 36 тима и ќе биде поспектакуларна. Дали видовте што направи Копенхаген? Со Супер-лигата нема да го има тоа. Никој од Германија нема да улчествува во таква лига. Ако судот ја дозволи, нема да оди далеку. Од неа останаа само Реал и Барса, Јувентусе е веќе надвор, барем мене така ми дделува. Англичаните, Германците и Французите никогаш нема да учествуваат“, изјави Румениге.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

