Поранешниот германски репрезентативец, а подоцна и прв човек на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге ја прокоментира најактуелната тема во светот на фудбалот – преголемиот број на натпревари за кое се поголемо незадоволство изразуваат фудбалерите.
Тој вели дека е интересно што баш најгласни се фудбалерите од Премиерлигата каде се играат најголем број на натпревари, а поради тоа и најголеми се платите.
„Многу е интересно што баш фудбалерите од Англија се жалат, каде го имаат луксузот на Лига куп и Премиерлигата со 20 клубови. Ја разбирам оваа дискусија. Но, фудбалерите и нивните агенти сами си направија проблем барајќи поголеми плати и терајќи ги клубовите да остваруваат поголеми приходи.
И како клубовите доаѓаат до поголем приход? Со поголем број натпревари. Затоа велам: треба да седнеме на маса сите заедно и без емоции да разговараме за тоа кои механизми ни се потребни да се вратиме во посериозни и рационални времиња – вклучувајќи се во работна смисла“, вели Румениге.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА