Легендата на германскиот фудбал Карл-Хајнц Румениге, не се согласува со тоа што Њукасл плати толку многу пари за ангажман на доскорашниот голгетер на Штутгарт, Ник Волтемаде.
За време на летниот преоден рок, англискиот тим му плати на Штутгарт 85 милиони евра, плус пет милиони евра во бонуси. Баерн Минхен исто така беше заинтересиран за голгетерот.
„Не мора да го исполниме секое барање за некој да биде среќен. Особено не сопствениците на Штутгарт. Морам да им честита на оние од Штутгарт кои пронајдоа „идиоти“ кои платија толку многу пари. Затоа што сигурно дека Баерн не би го сторил тоа никогаш“, рече Румениге.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

