Полскиот репрезентативец, Роберт Левандовски оваа сезона дефинитивно ќе остане во Баерн Минхен.
Левандовски сакаше да замине, имаше и богати понуди на маса, пред се таа од Манчестер јунајтед, но во Баерн решија да го задржат својот најдобар стрелец.
„Левандовски не оди никаде, дури ни за 150 милиони евра. Тоа веќе му го кажавме. Ние не сме како клубовите кои се подготвени да го пуштат играчот штом дојде добра понуда“ – изјави претседателот на Баварците, Карл Хајнц Румениге.
Полскиот напаѓач дојде во Баерн од Борусија пред четири години. Во дресот на германскиот шампион досега има одиграно 126 натпревари и постигнато 106 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА