Лионел Меси се уште нема донесено одлука дали ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната или ќе го продолжи договорот. Меси има договор со каталонскиот клуб до крајот на оваа сезона и може да замине на лето без обештетување. Аргентинецот сакаше да замине минатото лето, но тогаш клубот го спречи.
Сепак, кога страстите малку ќе се смират, постои можност Меси да се согласи да остане и да потпише нов договор, но тој рече дека ќе ја објави својата одлука дури кога ќе заврши оваа сезона. Сепак, шпекулациите за неговата иднина продолжуваат бидејќи Меси се поврзува со многу клубови. Главни фаворити се Манчестер Сити и ПСЖ, но сега се појави и името на Баерн Минхен.
Некои медиуми објавија дека Баерн на лето ќе му понуди примамлив договор на Меси, но првиот човек на овој клуб Карл-Хајнц Румениге го негираше тоа.
“Се смеев кога видов каков договор има Меси со Барселона. Можам само да му честитам што може да добие такви астрономски бројки со петгодишен договор. Неговата плата ќе се намали без оглед дали останува во Барселона или не. Можам да ви кажам дека Баерн не е заинтересиран за него и немаме намера да го донесеме На тим како Баерн не му треба Лео Меси “, рече Румениге.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

